Променaтa на времето носи проблеми

Наглите промени на времето влијаат првенствено врз здравстената состојба на оние кои имаат тешки, хронични и исцрпувачки заболувања. Временските промени предизвикуваат влошување на нивната состојба.

Најосетливи на промени на времето се астматичарите, реуматичарите, срцево болните (оние со ангина пекторис и висок крвен притисок), оние кои имаат чир на дванаесетпалачно црево и желудникот и пациенти кои имаат разни психички тегоби пред се психози. На астматичарите влијае влажноста на воздухот, на срцево болните ладното и ветровито време, а на хипертоничарите високиот воздушен притисок. Кај оние со реуматски заболувања, се јавува болка во зглобовите, тешко движење, тромавост, а кај срцево болните замор и болка во градите. Пациентите кои имаат проблеми со дишењето имаат отежнато дишење, чувствуваат замор, и имаат лош сон.


Пациентите со психички проблеми често имаат несоница, нервозни се, често се жалат на телесни тегоби и болки. Наглите промени во температурата често се причина и за напади на мигрена. За време на ваквите големи временски промени, на хроничните болни им се препорачува редовно да си ја земаат пропишаната терапија и да го одбегнуваат изложувањето на факторите на ризик за нивното заболување. За време на овие нагли временски промени тие би требало да останат дома, да не планираат патувања и да не се заморуваат психички и физички. Наглите промени на времето, освен на хронично болните, носат проблеми и на физички и психички здравите луѓе. Тие при нагли температурни разлики, при промени во притисокот или правецот на ветерот, имаат главоболки, имаат несоница, вознемирени се, депресивни, им се спие или константно чувствуваат замор.

-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Кристина И. Стојаноска - Алоска
Д-р Кристина И. Стојаноска Алоска е родена 1984 год. во Охрид. Средно образование завршува во гимназијата “Св. Климент Охридски” , природно - математичка насока, во 2003 год. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 2008 год. Учествувала на повеќе конгреси, семинари и работни курсеви од областа на стоматологијата. Професионален ангажман: Работи во Стоматолошката ординација „Д-р Каланоска“ - Охрид Доктори.мк е портал кој на популацијата и овозможува да согледа многу проблематики од областа на здравството и да научи многу совети и факти за животот , исхраната и здравјето. Мапата претставува одличен и најбрз начин преку кој може да се лоцира доктор или некоја медицинска установа. Особена чест и огромно задоволство ми претставува што сум дел од тимот на Доктори.мк и искрено се надевам дека преку моите статии читателите на Доктори.мк ќе научат многу проблеми од областа на стоматологијата. Доктори.мк според мене е par excellence портал од областа на здравството во Македонија. Големо БРАВО за основачите!!!