Хипербаричната кислородна терапија – едно од најзначајните медицински откритија

0

„Употребата на кислород во услови на зголемен притисок претставува едно од најзначајните откритија во медицината, кое може да се спореди со откривањето на антибиотиците и трансфузијата на крв” – д-р Ј.Х.Јакобсон

Како делува хипербаричната кислородна терапија?

Хипербаричните кислородни третмани се изведуваат во специјално дизајнирани комори кои обезбедуваат услови на зголемен притисок. Овие изменети услови во комбинација со стопроцентниот кислород, кој пациентите го вдишуваат преку кислородна маска, се двете најзначани компоненти на хипербаричната медицина. Основата на оваа медицинска гранка е многу едноставна, но позитивните ефектите кои се постигнуваат се многубројни и наоѓаат примена во третманот на голем број на заболувања, како: шеќерна болест, третман на рани и скршеници, мултипла слероза, кардиоваскуларни заболувања, акутно слепило, тинитус, аутизам итн.

 

Кога ќе се надмине недостатокот на кислород во крвта и клетките, стартуваат сите процеси во нашиот организам кои се зависни од оптималната концентрација на кислород. Започнува стимулацијата на матични клетки од коскената срцевина, се активираат клетките кои учествуваат во одбрана на организмот од инфекции и се елиминираат токсините од организмот. Можеби ова е единствениот начин со кој што им се обезбедуваат идеални услови за нормално функционирање на сите клетки.

Нов и сосема единствен во оваа област, започна со работа Специјализиран ХБО2Т-Центар, прв приватен хипербаричен центар во Скопје. Центарот е опремен со модерна хипербарична комора која ги поседува сите сертификати од надлежните институции за безбедна работа. Персоналот кој го води овој центар е едуциран и организиран на највисоко ниво.

Во прилог, кликнете тука за да погледнете една многу интересна видео анимација во која на сликовит и оригинален начин се објаснува хипербаричната кислородна терапија.

Успешниот развој на хипербаричната медицина го отвори нејзиниот пат во третманот на многу комплексни состојби

Релаксирачки и безбедни, хипербаричните кислородни третмани може да бидат идеално решение за сите оние кои што секојдневно се справуваат со главоболки, анксиозност, нарушен сон и замор. Имаат клучна улога во спречувањето на компликациите кои се јавуваат кај шеќерната болест. Со нивна навремена употреба се спречува развојот на гангрена и ампутација на ногата. Студиите потврдуваат, а пациентите се тие кои задоволно информираат за позитивните ефекти.

Успешниот развој на хипербаричната медицина го отвори нејзиниот пат во третманот на многу комплексни состојби, како што е аутизмот, односно аутистичниот спектар на нарушувања и голем број на невролошки состојби.

Сите бариери кои го спречуваа развојот на хипербаричната медицина во минатото се надминати. Денес, во светот, успешно работат голем број на хипербарични центри. Оваа метода станува основа на превентивата на заболувањата поврзани со зголемена телесна тежина, пушење и стрес. Метода која ја применува секоја модерна жена за зачувување на својата убавина, спортистите за постигнување на врвни резултати и современиот човек кој се соочува со последиците од стресот и неправилниот начин на исхрана.

-комерцијален текст-

Д-р Марија Јакимовска
Д-р Марија Јакимовска е родена 21.03.1986 год. во Скопје. Средно образование завршува во ДСМУ „Д-р Панче Караѓозов“, отсек: Здравствена медицинска сестра. Медицинскиот факултет го завршува во 2011 година. Дополнителни активности: Средно образование: Дел на тим во средношколски проект по наставен предмет психологија, Проект: Влијание на совремниот начин на живот врз психофизичкиот развој на младиот човек; Проект: Болести на зависнот (дрога, алкохолизам); Семинар: Peace Unlimited, делегат-Скопје; PHV семинар, Promotion Human Values, Р.Македонија. Факултетско образование: Институт за трансфузиона медицина на Република Македонија, Оддел за колекционирање на крв, Амбуланта за трансфузиона медицина; Клиника за ургентна медицина и токсикологија; Трговија со луѓе и нелегална миграција - Интернационална организација за миграција, делегат-Скопје, Македонија. Вработена во Специјализиран ХБО2Т-Центар. Обука за управување и одржување на хипербарична комора – Флуид Проект; Семинар од областа на подводна медицина, организиран од нуркачкиот центар, лиценциран SSI - Амфора; Учество на четвртата интернационална школа од областа на хипербарична и подводна медицина организирана од Српската здравствена организација; Едукативни предавања: Хипербарична кислородна терапија во третман на шеќерната болест, одржано во Здружението на дијабетичари на град Скопје. Посебен интерес: Примена на хипербаричната медицина во третман на кардиоваскуларни заболувања; Улогата на хипербаричната медицина во третман на аутизам; Развој на хипербаричната медицина во Р. Македонија. -Одличен тим на млади и амбициозни луѓе чија визија е соодветно информирање од областите на здравиот начин на живот. Статиите кои обработуваат голем број на заболувања, како и дијагностички постапки, се можеби најдобриот начин за подигање на општата здравствена свест. Содржините кои се креативни, разбирливи, интересни ја гарантираат популарноста и развојот на оваа интернет страница. Чест е да се биде дел од овој тим.