Карциномот на дојка не е само женска болест

0

Што знаеме за карциномот на дојка?

Карциномот на дојка е болест која ja напаѓа женската популација  и е на првото место по смртност пред сите други карциноми. Карциномот на дојка е опасна подмолна болест која често брзо напредува и не се открива навремено. Самопрегледот е најдобар начин навремено да се открие оваа појава и да се превземат навремени мерки. Се ова веќе стотина пати сте го слушнале и прочитале и е дел од кампањата за борба против овој вид на болест која во светот зема многу жртви.

Сепак дали едукацијата во врска со карциномот на дојка е целосна, дали ова е навистина само женска болест?

Розовата марама е симбол на борбата против карциномот на дојката нејзиното носење означува борба против карциномот на дојката, розовата боја ги означува жените, односно нивната нежност. Сепак, за жал, карциномот на дојка не е само женска болест, таа во последните години се повеќе ги напаѓа и мажите. Иако за многумина неверојатно, но сепак ова е вистинито. И мажите имаат ризик да заболат од карцином и тоа ризикот не е толку мал како што порано се мислело, иако реалност е дека жените се многукратно посклони кон оваа болест.

Како да се заштитиме?

Превенцијата е најважна, а не се разликува од онаа што се препорачува на жените.  Самопрегледот е исто толку важен и кај мажите како и кај жените. Редовниот самопреглед, просечно еднаш во два месеци би бил од голема корист  кај мажите за превенција од карцином на дојка. Мажите кои патат од гинекомастија, односно имаат зголемено ткиво кај градите имаат неколкупати поголем ризик од карцином на дојка, исто како и жените кои имаат поголеми гради имаат поголем ризик од карцином. Најголемиот проблем меѓу мажите е тоа што тие не сакаат да поверуваат во ова, го сметаат како мит, и секое убедување дека ова е вистина иронично го отфрлуваат, поради ова и процентот на мажи заболени од карцином на дојка во последните години рапидно расте.

Епидемиологија и патофизиологија

Најголем процент од мажите заболени од оваа болест се на возраст од 60 – 70 години, но не изостануваат ниту младите, а бројни случаеви се забележани и во Македонија, што беше основен потик да ја започнам оваа тема. Според некои балкански истражувања на просечно заболени 1 500 жени од карцином на дојка, соодносно заболуваат и 20-30 мажи, што ќе се согласите со мене дека не е баш мала бројка, судејќи по фактот дека секојдневно се забележуваат многу нови случаи на карцином на дојка кај жените.

Зголемено ниво на естроген како и долгогодишна изложеност на радијација може да доведе до измена на ДНК нишките на клетките на ткивото во градите, без разлика дали кај маж или кај жена, на ист начин може да започне неконтролирана делба на клетката, односно да создаде тумор. Клинфелтеров синдром е генетско заболува кое се јавува кај мажите, кај нив се детектира вишок на X хромозом, овие мажи имаат неколкукратно зголемен ризик од карцином на дојка. Освен ова и генетските предиспозиции, како и кај секој друг карцином ги зголемуваат шансите за карцином на дојка, и кај мажите и кај жените.

Симптоми

Симптомите и кај мажите се слични како и кај жените. Топчето кое се забележува под брадавицата а лесно се палпира со прсти кај мажите е основниот симптом. Пропратни симптоми можат да бидат галактореа, отоци на прстите и вдлабнување во градите.

Лекување

Лекувањето е исто како и кај жените, потребен е оперативен зафат. А во зависност од стадиумот на развој на карциномот може да биде потребна и хемотерапија и радиотерапија. Прогнозите зависат од стадиумот. Подобрата пристапност за самопреглед даваат можност полесно да се детектира навремено карциномот кај мажите, но несфаќањето сериозно пак ги изедначува ризиците.

Целта на денешната статија ми е кратко, но сериозно да укажам дека карциномот на дојка не е само женска болест и дека кампањите мора да ги вклучуваат и мажите, бидејќи се почести се случаевите на смртност и кај мажите поради карцином на дојка.

-авторски текст, не смее да се користи за коемрцијанни цели и/или реемитување-

E-mail: robima2008@gmail.com Phone: +38978/413-067 Adress: Jane Sansanski 18; K.Palanka Лични информации и образование: Родена: 28.11.1990 година во Крива Палнка Основно образование(1997 -2005), ОУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2005-2009), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2013 година) Уредник на проектот zazdravje.com.mk во период од 2010 до 2013 година Автор на повеќе од 1 000 статии и текстови на домашни и меѓународни портали поврзани со одржување на здравјето Добитник на признание за придонес во здравствената едукација во Република Македонија Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Во текот на средното обрзование добитник на златен медал за најдобар ученик на локален MASSUM огранок како и добитник на прва награда за изработка на web странана и бројни сертификати за најдобро изработена реклама за средното општинско училиште во соработка со USAID невладината организација Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of influenza virus in Municipality of Kumanovo – Nikolovski, R; Markovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Основно познавање на програмси јазици: C++, paskal, JAVA Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа -Во Доктори.мк препознав сајт кој има потенцијал и тим кој во иднина не само што ќе го направи Доктори.мк главен медицински информатор во Македонија, туку и прирачник за сите медицински лица, препознатлив не само во земјава туку и во целиот регион. Горд сум што имам можност да бидам дел од овој тим кој е полн со енергија и спремен да го доближи светот на медицината до секој граѓанин. Му посакувам на порталот како и на целиот негов тим многу успеси и вредна и напорна работа, бидејќи само така може да се дојде до посакуваниот ефект.