Афти

0

Афтозен стоматит, или уште познат само како „афти“, е заболување на усната празнина кое се карактеризира со појава на мали, понекогаш гнојни мозолчиња.

Од афти страдаат луѓе од најразлични возрасти и од двата пола, но сепак најчеста е појавата на афти кај децата.

Што претставуваат всушност афтите?

Афтите се појавуваат најпрво како мали црвени точки, па до бели сивкави и плитки јазолчиња (понекогаш со големина колку зрно леќа) во усната празнина. Најчесто се појавуваат по внатрешната страна на образите или усните, врз или под јазикот, позади на грлото, до мекото непце и тонзилите.

При посериозна инфекција јазолчињата можат да бидат и гнојни. По принцип траат од 4 до 14 дена. Заболувањето се изразува во тоа што едни исчезнуваат, а се појавуваат други, но не повеќе од 4 на број по целата уста.

Која е причината за појава на афтите?

  • Ослабен имунитет дополнет со инфекција во устата;

– Повеќе специјалисти сметаат дека вирусот Herpes simplex labialis, причинителот на херпес, води до појава и на афти.

  • При загризување за време на хранењето;
  • Алергиска реакција кон некои видови храна;
  • Авитаминоза (најчесто поради недостаток на витамините: В1, В2, В6, С, како и недостаток на цинк, калциум, железо);
  • Генетски предизпозиции;

  • При некои заболувања: целикалија, болест на Сhron, синдром на Riter, сифилис итн.;
  • Како негативен ефект од некои медикаменти;
  • Паста за заби;

– Пастите за заби кои содржат натриум лаурил сулфат се чести причинители на афти.

– Препаратите за свеж здив можат да бидат причина за појавата на афти бидејќи тие ја сушат оралната лигавица, а со тоа таа е лесно подложна кон инфекции.

  • Лошата орална хигиена.

Како да се лекуваат афтите, а воедно и да се спречи повторното појавување?

Избегнувајте:

  • • Остра, крцкава, груба храна, која би ги разранувала афтите, а со тоа и би ја засилила болката;
  • • Кисела, зачинета, солена храна која ги дразни афтите и предизвикува болка или ја зголемува веќе постоечката;
  • • Зачини;
  • • Кафе, цигари, гуми за џвакање;

Површината на афтите би можела да се третира со 3% раствор на H2O2, но сепак тоа не се препорачува и за малите дечиња.

Во секоја аптека има раствор наменет специјално за афти со кој всушност се ограничува воспалителниот процес, но и дејството на плунката.

Особено важна е оралната хигиена која треба да е на највисоко ниво. Четката за заби треба да се менува почесто (препорака за пациентите со афтозен стоматит, генетска предиспозиција), но таа треба да биде мека.

Устата се плакне со чај од камилица, а врз самите афти може да се дава и пчелна млеч (ако не се алергични!).

Сето тоа има ефективно дејство во процесот на лекување на афтите. Лактобацилус ацидофилус (пробиотик) штити од нова повторна појава на афтите во усната празнина.

„Оние кои се качуваат по скалите на успехот, НИКОГАШ не се жалат дека останале без здив.“

aвторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Фросина Дајо
Д-р Фросина Дајо родена e на 23 септември 1985 година во Охрид. Основно образование завршува во ОУ “Григор Прличев“ Охрид, во 2000 година. Во 2004 година е матурант во УСО “Св; Климент Охридски“ Охрид,природно-математичка насока. Потоа, се запишува на Медицински Универзитет Пловдив , Факултет за Дентална Медицина – Пловдив , Р.Бугарија. Дипломира во јуни 2010 со просек 9,62. Во текот на студирањето побудува особен интерес кон мобилната и фиксната стоматологија и денталната патологија. Уште како студент има учествувано на повеќе интернационални семинари и конгреси на кои соодветно се стекнува со сертификати... Лиценциран дентален лекар е во три држави : Р.Бугарија , Р.Македонија и Р.Словенија. Д-р Дајо , моментално, професионалната кариера ја продолжува во Р. Словенија, ЈЗУ “Трбовље“ - Љубљана . Во слободното време работи како дентален лекар во приватна здравствена установа во Љубљанска регија. Ужива во интересна книга, живописни глетки, во друштво на пријатни, искрени, оптимистички настроени и креативни луѓе. Одлично говори англиски , албански, бугарски, српско-хрватски и словенски јазик. -Чест и задоволство ми е што сум прв соработник во вашиот тим од областа на стоматологијата. Горда сум што тимот на овој сајт успева да биде чувар на човечкото здравје. Ги разјаснува заблудите кај пациентите, а воедно презентирајќи им ги новите откритија во сите медицински гранки. САМО НАПРЕД!!!